Положбата на креветот е важна за здравјето – Одредете го вашиот „среќен правец“

Според филозофскиот систем Фенг Шуи, положбата на креветот во домот е неизмерно важна. Меѓу другото, заради тоа што третина од животот (би требало да)поминуваме спиејќи.

За да ја одредите оптималната позиција на креветот, најдобро е да застанете на влезната врата од спалната и да се свртите кон внатре. Во случај да имате повеќе влезови кои водат кон спалната, внимавајте да ја изберете главната врата, а останатите затворете ги и прекријте со завеса, ормар, тапет и сл. Тоа не е редок случај во модерните домови, но според Фенг Шуи, никако не е добро од аспект на енергијата. Кога имате дом во кој собите, покрај влезната, имаат и заедничка врата со друга просторија, енергијата во контекст на здравјето може да се манифестира преку збрка, збунетост, расеаност, чудни симптоми на болести и неможност за поставување на вистинската дијагноза. Жителите на таквите домови често се соочуваат со хаос и на другите полиња во животот. Не мора да се работи за трагични настани, туку за чудни, па и комични доживувања. Таквите луѓе постојано влетуваат во збркани ситуации и постојано се прашуваат „Зошто ми се случува ова?“

0-7645-5295-3_1106[1]

Најдобрата позиција за креветот е дијагонално спротивно во однос на вратата, со наслонот на креветот што поблиску до ѕидот, а ако тоа не е возможно, пожелно е тој што лежи во креветот да има добар поглед на вратата и на целата соба, без напрегање. Спиењето зад ормар или параван, кога воопшто не го гледаме влезот, ниту тој што влегува во собата, во никој случај не носи добра и здрава енергија.

Положба што треба да ја избегнувате е директно наспроти вратата. Во Кина, таквата позиција ја нарекуваат „положба на мртовец“. Може да се манифестира со несоница и нервоза, а по неколку години спиење во таквиот распоред, може да дојде и до појава на посериозни здравствени проблеми.

Исто така, многу е лошо да спиете со вратата зад главата, но најнесоодветната позиција на креветот е дефинитивно кога е поставен среде собата. Тоа е местото каде што се преплетува секоја од енергиите што доаѓа од разни правци и многу неповолно делува на сонот, но и на целокупната состојба на организмот.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

396611_f520[1]
ОДРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ЛИЧНА ИДЕАЛНА ПОЗИЦИЈА

Традиционалниот Фенг Шуи зборува за „среќна насока“ (насока во која природно гледа тој што лежи во креветот), која би требало да ја земете во предвид при поставувањето на креветот. Принципот за одредување на „среќната насока“ е прилично едноставен:

Соберете ги двете последни цифри од годината на вашето раѓање и сведете ги на едноцифрен број, со тоа што одново ќе ги соберете цифрите на добиениот број. Потоа, ако сте женско, додајте 5, а резултатот повторно сведете го на едноцифрен број, ако е потребно. На пример: Ако сте родени во 1975-та година, собирате 7+5 и добивате 12. Потоа, собирате 1+2 и добивате едноцифрен број на кој му додавате 5 (за женско) и добивате 8. Тоа е бројот што ја одредува вашата „среќна насока“.

Ако се работи за машко, едноцифрениот број настанат со собирање на последните две цифри од годината на раѓање го одземаме од 10. Да речеме, родени сте 1988 год. Со собирање на двете цифри добивате 16. За да го сведете на едноцифрен број, ги собирате цифрите и добивате 7. Тој број го одземате од 10 и добивате 3 – тоа е бројот на вашата „среќна насока“.

Според ова, постојат источна (1, 3, 4, 9) и западна (2, 5, 6, 7, 8) група на броеви.

Источна:

1 – креветот треба да гледа на југ
3 – креветот треба да гледа на југо-исток
4 – креветот треба да гледа на исток
9 – креветот треба да гледа на север

Западна:

2 – креветот треба да гледа на северо-запад
5 – креветот треба да гледа на запад (за жени) или на југозапад (за мажи)
6 – креветот треба да гледа на југозапад
7 – креветот треба да гледа на северо-исток
8 – креветот треба да гледа на запад

- Реклама -