Полнење на гаџети само со пешачење!

Колку километри на час имаат вашите патики? 🙂

Секој чекор кој ќе го направите ослободува доволно енергија да запали една светилка и наместо да ја остави да се истроши, SolePower одлучи да ја зачувува и складира енергијата како повторно искористлива електрична енергија.

Оваа патика која е дело на Мет Стентон и Хена Александер е создадена во времето кога овие двајца луѓе сеуште биле студенти во Карнеги Мелон. Самата патика се состои од слични делови како и механичко-напојувана рачна светилка.

Енергијата од секој удар на петата се конвертира во ротациона енергија која ги врти малите магнетски ротори, која понатаму се генерира во електрична постојаност. Електрицитетот оттука патува во еден вид кабел направен од пакет од литиумско-јонска полимерска батерија, така што малите електронски уреди може да се полнат и преку USB порт.

Според досегашните резултати, пешачење цели 24 километри со овие патики може да наполни еден смартфон, иако тимот веќе напорно работи на постигнување на истиот овој резултат со поминување, односно пешачење само 8 километри.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -