Полициска потера ала GTA (видео)

potera3

Типов, заедно со другар му, провалил во куќа. Кога дошла полицијата, влегле во колата и почнале да бегаат. Непосредно пред ливадава, типов ја остава колата и почнува да трча пеш. Го бркаат со хеликоптер. Типов сé изморува и трча се потешко. Одеднаш му налетува полициски џип. Во меѓувреме, копилотот од хеликоптерот скока на земјата за да го брка (полицаецот од џипот не смее да излезе зашто нема партнер, а клучевите на полициските возила се по правило „залепени“ во бравата; осомничениот може да му ја земе колата). Следува рагби потег и работата е завршена.

…Освен ако не си добро наоружан, фората во GTA е да не им го привлечеш вниманието на џандарите. Овој не беше вооружен. А трчаше по отворено поле со најмалку три ѕвезди wanted level. Аматер.

- Реклама -