Форумите и друштвените мрежи вријат со негативни реакции по изборот на Мис Хелсинки. На толку прекрасни девојки од Финска, победи објективно не толку прекрасната Сефора Икалаба – 19-годишна имигрантка и единствена црнкиња на изборот. Финската публика, па и пошироката, смета дека главен виновник за ваквиот (според нив) апсурд е претераното глумење политичка коректност секаде каде што не треба, па ете, сега и во натпреварите во убавина.
Организаторите беа критикувани дека дозволиле нивната политичка коректност да отиде до другата крајност – до степен на расизам кон белите натпреварувачки, затоа што сите придружнички, па и четвртата девојка, се објективно поубави од победничката.
Еден од коментарите на Фејсбук страната на изборот за Мис Хелсинки вели вака:
„Ми се чини дека победничката е однапред одлучена од онаа иста мултикултурна пропаганда која како тумор се шири низ Европа. Не верувам дека неа ја избрале мнозинството Финци“.
Другите коментари се уште посурови, а победата на Сефора го нарекуваат „навреда за здравиот разум“.
Во меѓувреме, најголем дел од медиумите, водени веројатно од сопствената политичка коректност, пишуваат за расистичкиот однос кон победничката и за тоа како на друштвените мрежи ја нарекувале „грда“.
Патем, Хелсинки има околу 1.4 милиони жители – или околу една четвртина од вкупната популација на Финска.