Полетал кон еден град, а завршил во друг со исто име, 6.240 километри подалеку

Планирајќи да го помине одморот во Костарика, 31-годишниот Британец Стивен Робертс резервирал авионска карта за летот на Бритиш Ервејс до Сан Хозе – главниот град на Костарика.

Сепак, се покажало дека по грешка купил карта за Сан Хозе во Калифорнија. Најголемиот проблем е што тоа го сфатил дури по слетувањето, кога неговиот пријател кој го испратил на аеродромот во Лондон го прашал до каде стигнал.

Згора на се, дополнителната карта до „правиот“ Сан Хозе (тој во Костарика), го чинела дополнителни 1.135 евра.

Како што пишува Independent, ова не е прв сличен случај.

Минатата година брачен пар што планирал да го посети Лас Вегас по грешка резервирал авионски карти за истоимениот град во Бирмингам, Алабама. Тогаш дополнителните карти ги чинеле 2.300 долари.

Во 2008 година, Британка која сакала да го посети Сиднеј на истиот начин завршила во мало рударско гратче во Канада со исто име. Грешката ја сфатила дури кога ја качиле во мал авион во Халифакс, кој летал до Сиднеј, тој рударскиот.

- Реклама -