Тим Харфорд – економски експерт, верува дека „грдите“ фонтови, поточно тешко читливите, помагаат во концентрацијата при читање.
„Кога нешто ќе напишете во овие фонтови, тоа е грдо, тешко за читање, но привлекува големо внимание, така што всушност почнувате да го разбирате напишаното“, вели Харфорд за Business Insider.
Харфорд, во договор со колегите на Принстон, преобликувал поединечни учебници во „грди“ фонтови, со цел да го испита ефектот.
„Тие кои добија учебници со такви фонтови, беа подобро подготвени; го имаа сфатено и научено материјалот“, вели Тим.
Со него се сложуваат и други професори, а тезата си има и логика. Така што, ништо чудно учениците и студентите во иднина да учат од книги испечатени во Comic Sans.