Пол Маккартни ги најави првите настапи во Британија по две години


Сер Пол Маккартни ги најави своите први настапи во Обединетото Кралство откако беше главниот изведувач на фестивалот Гластонбери во 2022 година.

Сега 81-годишнара ѕвезда на легендарната ливерпулска четворка The Beatles ќе ја заврши својата турнеја „Got Back“ во Лондон и Манчестер во декември.

„Возбуден сум што ќе ја завршам мојата турнеја и ќе го видам крајот на 2024 година во Велика Британија. Секогаш е посебно чувство да се игра дома. Ќе биде неверојатен крај на годината. Ајде да се подготвиме за забавата. Едвај чекам да те видам“, рече тој.

Макартни ќе настапува во арената „Co-Op Live“ во Манчестер на 14 и 15 декември и на „О2“ арената во Лондон на 18 и 19 декември. Изведбата „Got Back“ вклучува музика од целата кариера на Макартни, вклучувајќи песни од Beatles и Wings, како и неговиот соло материјал.

Ова ќе бидат негови први настапи во живо во Обединетото Кралство по неговото појавување на Гластонбери во јуни 2022 година, каде што стана најстариот соло изведувач во историјата на фестивалот.

- Реклама -