Pokki го враќа Start менито во Windows 8

Кога Windows 7 ќе биде заменет со Windows 8 на крајот на октомври, Start копчето ќе биде првата жртва. За среќа, Pokki има решение.

Новиот Metro интерфејс ќе го исфрли елементот  што долго време беше основа на Windows компјутерите. Ова ќе го смени начинот на кој корисниците ќе работат со своите компјутери. SweetLabs претставиле нова верзија на Pokki за Windows 8 која ќе го отстрани овој голем дефект во дизајнот на новиот интерфејс.

„Не го вративме старото Start мени“ бојаснил Честер Нг, ко-основач на SweetLabs. „Се согласуваме со Microsoft дека таа верзија е застарена и дека има многу елементи кои луѓето не ги користат. Ние создадовме модернизирана верзија на старт менито која сепак ќе биде позната.“

Pokki Menu во Windows 8 содржи централизиран центар за нотификации како и место во кое ќе можете да ги организирате вашите Pokki апликации како и вебсајтови, фајлови, фолдери и други Windows апликации кои им се најважни. Исто како и на Home екранот на вашиот телефон, ќе можете да ги уредувате вашите икони како што вас ви одговара.

Ако сакате пристап со еден клик до Facebook или Microsoft Word, можете да го имате. Централизираниот Inbox ги прикажува сите непрочитани пораки од вашите апликации. Бидејќи Pokki е креатор на апликации, како Instagrille апликацијата која го носи Instagram на вашиот десктоп, ова Start мени работи особено добро со Pokki апликации и содржи пристап со еден клик.

Ако го испробате Windows 8 и решите дека не е за вас Pokki има опција да отидете директно на вашиот десктоп, а дури има и опција за целосно онеспособување на Metro интерфејсот. Pokki за Windows 8 е достапен како бесплатна апликација од Pokki вебсајтот.

- Реклама -