Покемоните се демони… и слични други безбожништва

Reuters-Pokemon-Go-Pidgey[1]

Верските лица долго се противеа на интернетот и сите негови достигнувања, но се чини тие времиња се одамна зад нас.

Добар доказ е Отец Рафаило Бољевиќ од манастирот Подмаине во Црна Гора – активен јутјубер и локална урбана легенда, кој очигледно ги следи современите трендови.

За разлика од другите црковни лица кои главно во проповедите предупредуваат на стандардните опасности по духот и верата (како хомосексуалноста, жените што не сакаат да раѓаат заради кариера и слични други безбожништва), отец Рафаило е тотално во тек со случувањата и неодамна го привлече вниманието со својата проповед на тема „драгони Покемони“. Отецот објасни кои се и што се покемоните, и како луѓето со својот „ловечки прибор“ т.е. мобилен телефон, одат во лов на тие „демонски сили“ кои го загрозуваат народот и верата.

https://youtu.be/BKmvjU7DOQo

Инаку отец Рафаило се прослави со својата беседа за скапата вода и лошиот квалитет на хероинот (или барем така звучеше).

https://youtu.be/PmnFHVlZzgU

На сајтот на манастирот редовно се прикачуваат клиповите од предавањата и проповедите, меѓу кои и тие на Рафаило, ако ви се гледаат.

Вајс, Србија

- Реклама -