Можеби веќе знаете дека овие цитати не се точни, но најверојатно не знаете од каде потекнуваат и како станале поврзани со одредени познати имиња.
1. „Нека јадат торта“
Еден од најпознатите погрешни цитати во историјата. Најверојатно веќе знаете дека Марија Антоанета никогаш не ги кажала овие зборови. Но дали знаете од каде потекнува оваа реченица? Очигледно “Qu’ils mangent de la brioche” првпат била запишана од Жан-Жак Русо во неговата „Исповеди“ автобиографијата која ја започнал кога Марија Антоанета имала девет години. Всушност, Марија Антоанета стигнала во Франција откако Русо ја завршил книгата.
Тој го препишал цитатот на „голема принцеза“ но никогаш не дал име и многумина веруваат дека тој го измислил настанот. Други веруваат дека цитатот треба да ѝ биде препишан на Марија Тереза од Шпанија или една од ќерките на Луј XV.
Марија Антоанета од друга страна била многу пријатна личност која сочувствувала со сиромашниот народ иако тоа не ја спречило да ужива во сопствениот живот. Всушност во случај на недостиг на леб во земјата таа ѝ пишала на својата фамилија во Австрија: „Јасно е дека гледајќи ги луѓето кои не третираат толку добро и покрај нивните маки не обврзуваат да работиме напорно за нивната среќа.“
Дури во 1843, речиси 75 години по објавувањето на „Исповеди“ и повеќе од 50 години по погубувањето на Марија Антоанета Алфонс Кар ѝ го препишал цитатот.
2. „Основно, драг Вотсон“
Еве уште еден цитат познат по тоа што е грешен но луѓето сепак го користат секој пат кога е спомнат Шерлок Холмс. Во сите 60 приказни на Артур Конан Дојл оваа реченица не се среќава ниту еднаш, иако Холмс често вели „основно“ и „драг Вотсон“ но никогаш заедно.
Фразата првпат била употребена во 1915 година по што била употребена во првиот филм за детективот – Враќањето на Шерлок Холмс од 1929 година. Но делото кое е виновно за популарноста на цитатот е „Новите Авантури на Шерлок Холмс, радио серија напишана од Едит Меизер која била пуштена во етер од 1939 до 1947 година.
3. „Свири ја пак, Сем“
Вистинските фанови на Казабланка знаат дека оваа реченица не е искажана во филмот, но оние кои не го гледале или го гледале само еднаш се сигурни дека го чуле овој цитат на Хамфри Богарт. Но најблиску до тој цитат е Ингрид Бергман, таа вели: „Свири ја еднаш, Сем, за старите добри времиња свири ја ‘As Time Goes By’.“
Подоцна пијаниот Рик се надоврзува: „Ја свиреше за неа, можеш да ја свириш и за мене. Ако таа може да ја слуша, можам и јас. Свири ја.“ Таа сцена била чест извор за пародии од нејзиното појавување. Всушност филмот на браќата Маркс „Една ноќ во Казабланка“ бил пародија во кој се појавила реченицата „Свири ја пак, Сем“.
4. „Не се согласувам со тоа што го кажуваш, но до смрт ќе го бранам твоето право да го кажеш“
Ова е одличен цитат, без оглед чие дело е и јасно е дека ова е идеал во кој Волтер верувал. Но познатиот мислител никогаш не го рекол тоа. Цитатот настанал кога Евелин Беатрис Хол пишувала биографија на Волтер под авторското име С.Г. Талентир.
Биографијата од 1906 година била насловена “Пријателите на Волтер“ и била уникатна во тоа што Хол ја пишала во прво лице па кога таа го создала овој цитат кој звучел како нешто што Волтер би рекол луѓето го прифатиле како нешто што тој всушност го рекол. Смешно е што денес овој цитат е попознат од сè што Волтер рекол додека бил жив.
5. „Прво те игнорираат. Потоа ти се смеат. Потоа те напаѓаат. Потоа победуваш“
Иако ова е еден од најпознатите цитати на Ганди, нема доказ дека тој некогаш го рекол ова. Цитатот дефинитивно звучи како нешто што тој би рекол но подоцнежниот живот на Ганди е доста добро документиран и не постои причина да му се препише овој цитат.
И од каде потекнува? Никој не знае од каде потекнува оваа форма на цитатот или пак зошто му е препишан на Ганди но сигурно е дека бил адаптиран од говор на синдикалниот работник Николас Клајн во 1914 година.
Пред измената и препишувањето на Ганди цитатот бил: „Во оваа приказна ја добивате историјата на ова движење. Прво ве игнорираат. Потоа ве исмеваат. А потоа ве напаѓаат и сакаат да ве изгорат. Потоа прават споменици од вас. И тоа ќе се случи со Amalgamated Clothing Workers of America.“ Не е ист како наводниот цитат на Ганди но дефинитивно е инспирацијата.