
Реал Мадрид е дефинитивно еден од најголемите фудбалски клубови во светот. Не само поради освоените трофеи, туку и затоа што Кралевите ги бива со парите – сé знаат да уновчат.
…Дури и смртта на фановите.
Информацијата од Шпанија го потврдува тоа. На саемот на погребна опрема во Валенсија, меѓу изложувачите ќе го најдете и токму Реал Мадрид. Нивниот производ е мртовечки сандак од 15.000 евра. Изработен е од скапо дрво и е во облик на стадионот на кралскиот клуб – Сантијаго Бернабе(у).
![Real_Madrid_kovceg[1]](http://cdn-5859be45f911ca35ec95022d.closte.com/wp-content/uploads/2017/05/Real_Madrid_kovceg1-640x375.jpg)



