Белгиско-германскиот овчар Кеј, имал три години и бил убиен за време на полициска должност на 24 август.
Неговото херојство заслужило да биде поздравено, па така колегите му организирале погреб, на кој што присуствувале повеќе од 1.000 луѓе.
Кучето било припадник на полициските сили во Оклахома Ситија, а неговиот партнер во спроведувањето на законот бил Рајан Старк со кој поминал повеќе од две години. Погребот ги вклучувал сите полициски почести за да му се оддаде благодарност за храброста.
Кеј бил убиен со нож при обид да совлада 22-годишен бегалец, Марк Салазар.
Полицаецот Старк, гледајќи го нападот на кучето пукал и го убил Салзар. За жал, Кеј починал од здобиените рани еден ден по нападот.