20. 30, 40 или 50? Во која доба од животот, истиот е најскап?
Многумина велат дека вистинскиот живот започнува на 40, но сигурно најскапиот се случува на 50 години.
Тоа барем го покажува последното истражување на инвестициската компанија Investec Wealth & Management.
Просечен 50-годишен човек троши годишно над 5700 долари повеќе од останатите старосни групи. Во оваа сума влегуваат околу 10 000 долари за општи трошоци за живот, 7.500 долари за хипотека или изнајмување, 3100 долари за транспорт и 1800 долари за образование, најчесто на децата.
Луѓето на 50 години трошат најмногу, пред се, поради тоа што се подготвуваат за своето пензионирање и инвестираат повеќе, се вели во студијата. Според Ник Гартланд, директор на „Финансиско планирање” во Investec Wealth & Management “, преминувањето на 50-тите во минатото било сигнал за намалување на заштедите, но времињата се менуваат и генерацијата денес се соочува со дополнителен финансиски притисок, кој ги усложнува работите”.
Според него, „денешните 50-годишници можат да очекуваат дека ќе живеат уште околу 30 години, што предизвикува дополнителни тешкотии, а заштедите би требало да бидат доволни за значителен период на време и парите треба да бидат темелно управувани”.