Погоди кој ќе биде специјален гостин на X Faktor

По многубројните познати гости кои до сега настапија, во вечерашната емисија на ’X Faktor’ ќе гостуваат Наташа Беквалац и групата Парни Ваљак.

Финалистите минатата недела ги подготвуваа своите настапи на дадената тема „песна на менторот“, а какви реакции ќе предизвика оваа тема кај жирито- останува да видиме.

Во ревијалниот дел од програмата како екслузивни гости ќе настапат легендарната хрватска поп-рок група „Парни Ваљак“, додека пејачката Наташа Беквалац премиерно ќе ја претстави својата нова песна “Najgora”. Текстот е напишан од кумот и креаторот на повеќето нејзини песни до сега, Драган Брајовиќ со кој Наташа по мала пауза повторно ја продолжува соработката со него. На сцената на ’X Faktor’ со Наташа ќе настапуваат и групата “Мистик чело“, како и пијаниската Ива Деспотивиќ.

Прочитајте и:  Сатиричната комедија „Бардо Тодор“ во режија на Сашо Кокаланов вечерва на сцената на НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево
- Реклама -