Во отсуство на свои коментаторски херои (фала ви МТВ), тие двајца станаа миленици на македонската публика. Не само поради професионализмот, но и поради искреното бодрење на ракометарите на Вардар, кои денеска по вторпат го враќаат шампионскиот ракометен пехар на ЛШ во Скопје. Зборуваме, се разбира, за коментаторите на српската „Арена Спорт“ – Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ. Тие ќе патуваат заедно со вардарци во авионот кој би требало во Скопје да слета околу 18.50 часот.
Во изјава за „Фокус“, Рашковиќ вели дека ја имале честа од првиот ден да ја гледаат на дело оваа екипа на Вардар и дека било привилегија да се сведочи приказната која, според него, е приказна за години, децении и векови на македонскиот спорт и историја. Тој објасни и дека „Арена Спорт“ ги фаворизира сите клубови од регионот, па така имале одврзани рацете да го стават Вардар на прво место во текот на целата сезона. Целата изјава прочитајте ја ТУКА.