Да се најде дестинација што е целосно изолирана од светот, а сепак нуди големи удобности, не е наједноставната задача. Ама според читателите на Travel+Lesiure, Nihi Sumba Island во Индонезија го постигнува правиот баланс.
Тоа и му ја донесе титулата „најдобар хотел во светот“. Nihi Sumba се најде на првото место во рангирањето на сајтот, со резултат од 99.12 од можни 100 поени. Рангирањето се врши врз основа на неколку критериуми, како капацитети, локација, услуга, храна и вкупна вредност.
Nihi Sumba се наоѓа на „свој сопствен“ изолиран остров, на еден час летање од Бали. Хотелот располага со 33 вили, а гостите можат да уживаат во разни активности на плажа и во околината, како сурфање, нуркање, подводен риболов, јога, јавање (на зајдисонце) и прошетки. Базенот на хотелот е на неколку метри од морето, и нуди спектакуларна глетка. Во близина има и водопад, ако случајно не ви се плива или пече на сонце.