Летните штетници – комарците се досадни, а чешањето што го предизвикува нивниот убод може да биде прилично непријатен, но најопасни се оние кои пренесуваат маларија.
Група научници посветиле истражување на една фамилија комарци, познати по латинскиот назив Anopheles gambiae, која се смета за клучна во разбирањето на начинот на кој комарците ја пренесуваат споменатата болест. Истражувачите особено ги интересирало што се слчува откако комарецот доаѓа во интеракција со кожата при цицањето крв.
Користејќи техника на видео микроскопија во лабораториски услови снимени се убоди на комарци на глувци. Се покажало нешто неочекувано: исклучително голема мобилност на деловите на телото на комарецот со кои ја цица крвта од жртвата. Всушност „устата“ на комарецот со која ја цица крвта и која ја зарива во кожата е исклучително копликувана жива структура, не само обично цевче како што многумина мислеа. Стручно таа „уста“ се нарекува лабиум и се повлекува по убодот овозможувајќи дури 6 други делови од вилицата на комарецот да се заријат во кожата.
Научниците се надеваат дека ткритијата до кои дошле ќе доведат до поефикасни начини за сузбивање на маларијата, а се би можело да доведе и до создавање нови средства против комарците за поширока употреба.
[youtube]http://youtu.be/RLIYuXlUS3k[/youtube]