Иако минатата недела беше тешка за семејството Кардашијан поради случувањата со Ламар Одом, Канје не се откажа од идејата да го прослави роденденот на својата сакана. Тој приреди забава за нејзиниот 35 роденден, и повторно направи да се чувствува сакано и посебно.
На забава се појави мајката Крис со нејзиното момче Корел Гамбл. Исто така на забавата се појави и нејзината сестра Кортни Кардашијан.
Сестрите Кендал и Кајли иако присуствуваа на големата Белман ревија, тие допатуваа на денот на роденденот, а заедно со нив беше и раперот Тајга.
Подоцна се појави и Кејтлин Џенер, во тесен црн фустан, меѓутоа Клои не присуствуваше на забавата бидејќи таа остана покрај својот сопруг кој се опоравува во болницата во Лос Анѓелес.