Славниот фудбалер Дејвид Бекам и неговиот син Бруклин имаат близок однос татко-син, па затоа и неодамна објавија слики како меѓусебно се забавуваат.
Дејвид објави црно-бела слика на Инстаграм на која се “бори“ со својот најстар син. 40 годишниот фудбалер изгледа е сеуште во форма, чим има сила да го совлада младиот Бекам, држејќи го со раката околу врат.
„Вообичаена недела во семејството Бекам, Мастер Бруклин повторно се обидува да го победи својот татко, но неуспешно“ – напиша Дејвид како образложение под сликата.
Набрзо и Бруклин возврати на провокоциите на татко му и објави слика како тој го совлада Дејвид и напша : „Само во твоите соништа, тато“.