Најверојатно мислите дека малку притисок од партнерот би ви помогнал да издржите во сите ваши напори. Но, дури и најдобронамерната поддршка може да нè демотивира. Размислувањето за поддршката од саканите може да ја наруши мотивацијата за работење кон остварување на нашите планови, дури може и да го влоши одложувањето.
Овој феномен не се јавува исклучиво меѓу партнери, туку може да се сретне и со пријателите и семејството. Авторите на студијата, научниците Грејн Фицсимонс од Дјук Универзитетот и Илај Финкел од Нортвестерн Универзитетот изјавиле: „Ако се фокусирате на само една изолирана цел – како што направивме во студијата – се забележува негативен ефект. Но потпирањето на друга личност ви дозволува да ја поделите вашата енергија на повеќе цели, што може да биде ефикасно ако партнерот ви помага.“ Авторите извршиле три експерименти преку интернет.
Првиот експеримент бил извршен врз 52 жени. На некои од нив им било кажано да се фокусираат на начинот на кој нивните партнери им помагаат да ги достегнат своите здравствени и фитнес цели; контролната група се фокусирала на помошта која ја добивале од партнерите за целите во кариерата. Кога биле прашани колку напорно планираат да работат за подобро здравје во наредната недела, првата група планирале помалку работа од втората. Соочени со академска цел, луѓето исто така потсвесно го споделуваат напорот со партнери кои сакаат да помогнат.
Во вториот експеримент, на 74 машки и женски студенти им била дадена сложувалка која ќе им овозможи да ја одложат работата, пред да завршат задача која би им ги подобрила перформансите на факултет. Оние кои се пофалиле дека имаат поддршка и помош од партнерот одложувале подолго, оставајќи си помалку време за продуктивна работа. „Првиот експеримент се фокусираше на намера. Вториот го оценуваше однесувањето“ изјавил професор Фицсимонс.
Но, прифаќањето на зависноста исто така инспирало посветеност. „Во нашата студија, жените пријавија дека нивните партнери им помогнале многу во исполнувањето на нивните цели, и дадоа примери како ,Никогаш не би вежбала ако сопругот не ги чуваше децата’. Од 90 женски учесници, оние кои повеќе се потпирале на својот партнер исто така почесто кажувале дека се посветени на долга врска, што би можело да значи дека ваквиот тип на зависност може да има позитивен ефект врз врските. [Showing your partner support ‘can demotivate them’]