Подот во бањата претворен во ѕвездено небо

Креативен љубител на просторот искористил фибер-оптика, за да си направи прекрасен под во бањата што излгеда како ѕвездено небо. Благодарение на неговите инструкции, можете да го направите и вие дома.
Светлото изгледа како добар начин да се осветли бањата за време на посетата „сред ноќ“, кога сакате очите да останат навикнати на темнината. Ќе треба да бидете доволно вешти за да го поплочите подот, а Baldr (корисничкото име кое го користи) сугерира прво да направите мала тест верзија. За останатиот дел од неговите инструкции, продолжете подолу.

Еве како изгледа ѕвездениот под во неговата бања навечер!

bathroom-design-star-floor-baldr-2

Секоја од овие точки на светлина е крајот на оптички кабел.

bathroom-design-star-floor-baldr-3-3

Baldr предлага да се држи изворот на светлина надвор од бањата.

bathroom-design-star-floor-baldr-4

Ова значи дека ќе има сноп од оптички кабли кои ќе влегуваат во бањата, и тогаш треба да започнете со поставувањето на плочите.

bathroom-design-star-floor-baldr-5

Само подигнете кабел од снопот каде сакате да имате ѕвезда. Baldr советува да се работи со инсталирање на извор со дим-светло, со цел да можете да гледате што правите.

bathroom-design-star-floor-baldr-6

Кога подот ќе биде завршен и запечатен, само исечете го фибер-кабелот со врел нож и поврзете ги каблите со изворот на светлина…

bathroom-design-star-floor-baldr-7

… и ете!

bathroom-design-star-floor-baldr-8

Во основа можете да наравите фибер-оптика на сè, како на пример маса…

bathroom-design-star-floor-baldr-9

bathroom-design-star-floor-baldr-10

… или дури и скали!

За подетлни иснтрукции можете да видите на неговата страна тука!

 

- Реклама -