Подољак: Кинеско-бразилската мировна иницијатива е заснована на руски концепт

Кинеско-бразилската иницијатива за создавање платформа „Пријатели на мирот“ во врска со војната во Украина нема да влијае на ништо, бидејќи таквите „мировни иницијативи“ се засноваат на концептот на Русија, оцени советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Михаил Подољак.

„Тоа нема да влијае на ништо. Нема „пријатели на мирот“. Тоа се „пријатели на предавство“. Тие ги предлагаат сите оние „мировни иницијативи“ кои се базираат исклучиво на концептот на Руската Федерација, рекол Подољак, пренесува Униан.

Според него, тоа не се „мировни иницијативи“, бидејќи имаат „карактер на капитулација“.

Прочитајте и:  Харис: Повиците Украина да отстапи дел од својата територија на Русија се опасни и неприфатливи
- Реклама -