Подољак: Западните сојузници одобрија напади врз сè што е руско на окупираните територии, како Крим

Украина тврди дека нејзините западни сојузници одобриле напади врз руски цели на полуостровот Крим.

Денес постои апсолутен консензус дека можеме да уништиме сè што е руско на окупираните територии, како на пример на Крим, изјави синоќа на украинската телевизија советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаило Подољак.

Тој додаде дека западните партнери минатата година сè уште беа против украинските напади на Крим, кој е анектиран од Русија во 2014 година.

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев реагираше на изјавата на Подољак, истакнувајќи дека тоа е доказ за „соучесништвото на Западот во војната против Русија“.

МИА

Прочитајте и:  Остин: Употребата на американско оружје за извршување удари со долг дострел во Русија нема значително да ја промени ситуацијата во Украина
- Реклама -