Кабинетот на украинскиот претседател денеска како „намерна провокација од Москва“ ги оцени руските тврдења за упад на украински диверзанти во руската погранична област Брајанск.
„Приказната за диверзантска група во Русија е класична, намерна провокација. Русија сака да го исплаши своето население за да ја оправда својата инвазија врз Украина“, објави на Твитер Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Подољак навести дека инцидентот што го пријавиле руските безбедносни служби и локалниот гувернер на Брајанск е поврзан со акцијата на руските „партизани“ – милитанти кои користат методи на герилска борба.
Тој, исто така, посочи дека „партизанското движење во Русија станува сѐ посилно и поагресивно“.
Руските власти известија дека украинска „разузнавачко-диверзантска група“ се инфилтрирала во областа Брајанск, во селото Љубечане, и отворила оган врз возило, убивајќи еден жител и ранувајќи едно дете.
Портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков, изјави дека настаните во Брајанск се „терористички напад“ и додаде дека се преземаат мерки за уништување на „украинските терористи“ кои извршија прекуграничен напад.
The Russian Volunteer Corps, which consists of ethnic Russians, recorded an appeal to the Russians straight from the Bryansk region calling for the fight against the bloody Kremlin Putin regimehttps://t.co/EDTzaMDBHh pic.twitter.com/JecG2kcQjJ
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) March 2, 2023