Подољак: Преговорите со Русија се запрени

Киев, 17 мај 2022 (МИА) – Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател, изјави дека руско-украинските преговори се прекинати. Процесот е запрен, но тоа не значи дека страните на крајот нема да седнат на преговарачка маса.

Подољак рече дека барањата на руската страна не се променети, за разлика од ситуацијата на фронтот.

„Денеска преговарачкиот процес е суспендиран. По коминикето во Истанбул, нема никакви промени, нема напредок. Руската Федерација останува во своето стереотипно размислување. Но, секоја војна завршува на преговарачка маса“, додаде Подољак.

Прочитајте и:  Саботажа? „Длабока загриженост“ во Германија и Финска, оштетен подморски телекомуникациски кабел што ги поврзува двете земји
- Реклама -