Подољак: Киев не прифаќа мировен договор со кој Русија ќе задржи украинска територија

Киев отфрла каков било мировен договор со Москва кој ќе ѝ овозможи на Русија да ја задржи окупираната украинска територија од руските сили, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаил Подољак.

„Руската Федерација (Путин) под зборот ‘разговор’ ѝ нуди на Украина и на светот да го признаат нејзиното право да окупира странски територии и да го решат отсуството на правни последици за масовни убиства на странска територија. Тоа е целосно неприфатливо“, напиша Подољак на Твитер.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин, во денешниот телефонски разговор со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека Москва е подготвена за разговори за Украина, но дека Киев ќе мора да го прифати губењето на териториите „на кои Русија полага право“.

Прочитајте и:  „Билд“: Германија на Украина ќе и испорача 4.000 дронови контролирани од вештачка интелигенција

Извор: МИА

- Реклама -