Подобар ли си од спасувач на базен?

795095_1280x720[1]

Имаш базен со едно сто деца, некои со гуми, некои без. Некои пливаат, некои гњурат, едно се дави. Можеш да го забележиш пред спасувачот?

Спротивно на тоа што луѓето го очекуваат, кога човек се дави, тој не е во состојба да вика за помош, бидејќи нема време да вдиши доволно воздух. Нема време ни да мафта со рацете, затоа што се обидува да се избори за воздух. Уште еден факт спротивен на тоа што луѓето го мислат: кога некој се дави во базен, другите околу него обично се толку занесени во уживањето што тешко дека ќе го забележат.

Затоа, одговорноста на спасувачите е огромна. Секоја грешка може да те чини детски живот, директно на твој грб.

Еден базен со бранови од Америка го тера Youtube каналот Lifeguard Rescue веќе 3 години, и го документира секое спасување. Досега ги има вкупно 37. Сакате да се тестирате?

Како се снаоѓате? Еве како тоа изгледа од перспектива на спасувач.

Повеќе, тука.

- Реклама -