Поднесена кривична пријава за предизвикување општа опасност по брза постапка против лицето кое пукаше на плоштадот „Скендербег“

СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка за кривично дело „предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво по член 288 од Кривичниот законик против Е.Ј.(40) од Скопје.

Како што информира МВР, по преземени мерки и активности од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни деликти при СВР Скопје, лицето беше лишено од слобода вчеравечер (06.07.2022) во 20.10 часот, бидејќи околу 19.40 часот, во текот на одржување на јавен сoбир на граѓани организиран преку социјални мрежи, за време на инцидент на плоштадот „Скендербег“ на бул.„Гоце Делчев“, извадил пиштол „Walter P99“, кој го поседувал со дозвола и испукал во воздух.

Прочитајте и:  Кривична пријава против 25 вработени во МВР за несовесно работење во службата

„Пиштолот му е одземен и вештачен, обезбедени се сите докази против него, за што во соработка со ОЈО Скопје лицето е изнесено пред Судија на претходна постапка“, соопшти МВР.

- Реклама -