Подиумот за танцување од „Треска на саботната вечер“ продаден за над 300.000 долари


Автентичен подиум за танцување во повеќе бои користен во филмот „Треска на саботната навечер“ е продаден на надавање за 317.000 долари.

Од 200 до 300 илјади долари се проценуваше подиумот на кој танцуваше легендарниот актер Џон Траволта на саундтракот на Bee Gees во диско филмот од 1977 година во улогата на Тони Манеро.

Аукциската куќа Julien’s Auctions, заедно со Turner Classic Movies (TCM), организираа четиридневна онлајн аукција на „Холивудски легенди: опасност, катастрофа и диско“.

„’Треската на сабота навечер’ уште еднаш го возбуди светот за време на нашата продажба на иконската подиум за танцување, која беше ѕвезда на шоуто за време на нашата исклучителна аукција на Холивуд Легенди“, рече Дејвид Гудман, извршен директор на Julien’s Auctions.

Прототипот на Ковчегот на заветот, користен во филмот за Индијана Џонс, „ГРабнувачтеи на изгубениот ковчег“ од 1981 година, е продаден за 101.600 долари, надминувајќи ги очекувањата. Златниот ковчег првично беше по цена од 50.000 до 70.000 долари од уметникот за визуелни ефекти Питер Шолц, кој го користел реквизитот при пиротехничко тестирање за време на снимањето.

Беше купен и продаден и црниот вечерен фустан на Мерлин Монро, дизајниран од американскиот моден дизајнер Сеил Чепман, кој беше продаден за 254.000 долари. Холивудската ѕвезда Монро го носеше фустанот кога таа и бејзбол играчот Џо Димаџо беа домаќини на настан организиран од комичарот Боб Хоуп во декември 1953 година во чест на генералот од Втората светска војна, Вилијам Ф Дин. Ди Маџо и Монро се венчаа една година подоцна.

На аукцијата беа продадени и стапчиња од Хари Потер што ги користеа Руперт Гринт како Рон Визли, Ема Вотсон како Хермиона Гренџер и Ралф Фајнс како Лорд Волдеморт во филмовите од франшизата. Стапчињата се продаваа за помеѓу 19.050 и 25.400 долари.

- Реклама -