Подарете си радост и блескави парчиња накит во новата година од Oxette

Ако се двоумите што да и подарите на партнерката или партнерот за новогодишните празници, Oxette го има одговорот за вас.
Популарниот ланец на продавници за накит низ целиот свет пред почетокот на најмагичниот период во годината ви предлага совршени новогодишни парчиња накит.

10859904_10152929416269589_1381688185_n

Зимската колекција е посебно актуелна во овој период од годината бидејќи месец декември важи за месец во кој луѓето најмногу подаруваат но и сакаат да примаат подароци. Од таа причина овој светски бренд посебно внимание посветува на дизајнот на новогодишните парчиња. За изработка на накитот во секоја колекција се користат висококвалитетни материјали како што се сребро 925, злато, скапоцени и природни камења заедно со современи материјали.

10866974_10152929416304589_973761530_n

Претставниците на брендот во Македонија, Ве повикуваат да ги посетите продажните места на Oxette во ГТЦ, Рамстор и Сити Мол и да го пронајдете вашиот совршен новогодишен подарок. Среќни празници!

 

- Реклама -