Фудбалската Федерација на Холандија отвори истрага за соработката помеѓу Витезе и Челзи откако тимот од Лондон беше обвинет дека се вмешал во трката за титулата во Холандија.Поранешниот сопственик на Витезе, Мераб Јорадниа во разговор со весникот De Telegraaf изјави дека ’Сините’ не сакале Витезе да игра во Лигата на Шампионите и биле дадени наредби тимот од Арнхем да не се бори за титулата.
Двата клуба имаа одлична соработка во последните неколку години, Челзи испрати голем број на играчи на позајмица во Витезе, во моментов ги има четворица.
Исто така Витезе сега е под контрола на Александер Чигрински, пријател и бизнис соработник на сопственикот на Челзи, Роман Абрамович.
Фудбалската Федерација на Холандија во овој момент не ги сваќа сериозно ваквите обвинувања, но за да го задржи интегритет на првенството, отворена е истрага за сопственичката структура на Витезе, и за тоа каков збор има Челзи во слочувањата на клубот од Арнхем.
„Бордот на директори на Фудбалската Федерација на Холандија стапи во контакт со Витезе околу овие обвинувања” – гласи соопштението.
„Во интерес на интегритетот на првенството, ФФХ побара од Витезе објаснување за организациската структура. Побаравме информации за новите сопственици”.
„Не е дозволено една личност да окупира повеќе позивии во неколку професионални клубови во Холандија или странство”.
„Бараме објаснувања и ќе се одржат средби во скоро време. По дискусиите, бордот ќе одлучи дали е потребна дополнителна истрага”.
Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk