Денеска во македонското Собрание започнува процедурата за предлог измените на Уставот, а од владејачката СДСМ апелираат сите пратеници да дадат поддршка на процесот.
„Во предложените уставни измени јасно се гледа дека тие дополнително го унапредуваат македонскиот устав и го зајакнуваат македонскиот идентитет, се унапредуваат основните права на деловите од народи кои живеат во нашата земјата, но и се истакнува посебноста на македонскиот народ“, велат од СДСМ.
„Секој кој ѝ мисли добро на државата ќе ги поддржи уставните измени, по чие усвојување веднаш ќе се отворат првите поглавја и ќе се забрза процесот на интеграција во ЕУ.
Затоа, потребно е обединување околу иднината на земјата со глас за Европа во македонското Собрание“, апелираат од владејачката партија.
„Да не дозволиме ситни интереси на поединци и политички кариери скапо да ја чинат државата и да влезе во нова изолација која ќе трае со години.
Да не дозволиме самите од внатре да се блокираме на патот кон и ЕУ, туку низ отворена, аргументирана дебата, измените на Уставот да бидат усвоени.
Глас за Европа е глас за подобра, посигурна и постабилна македонска иднина“, се вели во соопштението.