Почна гласањето на референдум за приклучување кон Русија во четири украински региони под руска контрола

EPA-EFE/ALESSANDRO GUERRA

Москва, 23 септември 2022 (МИА) – Во украински региони под руска контрола утрово почна гласањето на референдум за приклучување кон Русија, пренесе Бета.

Сепаратистичките власти го најавија референдумот во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје по контраофанзивата на украинската армија која врати делови од територијата во последните неколку недели.

Гласањата, кои треба да траат до 27 септември, почнаа утрово во 5.00 часот по Гринич.

Рускиот претседател Владимир Путин прогласи независност на Доњецката Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР) непосредно пред почетокот на офанзивата во Украина.

Прочитајте и:  Фицо: Во Украина се борат нацистички трупи, меѓународната заедница не реагира
- Реклама -