Почина Ранко Жеравица

zeravica

На 86 годишна возраст почина легендарниот тренер на југословенската кошарка, Ранко Жеравица.

Жеравица сигурно го паметат повозрасните генерации најмногу поради неговите неверојатни успеси со кошаркарската репрезентација на Југославија:

Тој ја предводеше Југославија до златниот медал на Олимпијадата во Москва 1980 и првото место на Светското првенство во 1970 кое се одржа токму во Југославија и тоа во Сплит, Сараево, Скопје, Љубљана и Карловац.

Беше дел и од сребрената генерација на Олимпијадата во 68та и Светското првенство во 67та година, како и ЕП 69та и 71ва година, и една бронза во 82та.

Како тренер се прослави во клубовите: Партизан, Цвена Ѕвезда, Наполи, Пула, Сплит, Барселона, Сарагоса и Казерта.

 

- Реклама -