Почина првиот тапанар на познатата група AC/DC


Почина Колин Бурџис, првиот тапанар на рок групата AC/DC. Имаше 77 години, а групата ја потврди тажната вест. Причината за смртта се уште не е позната.

„Многу тажно, слушам дека Колин Бурџис почина. Тој беше нашиот прв тапанар и многу почитуван музичар. Среќни спомени рокај во мир Колине“, напишаа неговите фанови на Фејсбук.

AC/DC е формирана од Агнус и Малколм Јанг во ноември 1973 година. Покрај Ангус и Малколм, членови беа и басистот Лари Ван Крид, вокалистот Дејв Еванс и тапанарот Колин Берџес. Првиот настап го имаа во клубот Чекерс на новогодишната ноќ 1974 година во Сиднеј. Членовите на групата често се менуваа, а Колин беше првиот што си замина. Бурџис бил нападнат од бендот затоа што настапувал пијан. Се обиде да се извлече од тие обвинувања, но не успеа. AC/DC го замениле со голем број други тапанари, вклучувајќи го и долгогодишниот член Фил Руд.

Колин свиреше на тапани и во популарната австралиска рок група наречена The Masters Apprentices помеѓу 1968 и 1972 година, пренесува index.hr.

- Реклама -