Почина познатиот албански писател Исмаил Кадаре


Исмаил Кадаре почина во понеелникот утрото на 89-годишна возраст, соопштија денеска неговиот издавач и болница. Кадаре починал од срцев удар, соопштија од болницата во Тирана. Писателот бил донесен во болница без знаци на живот и лекарите се обиделе со реанимација, но тој починал во 8:40 часот по локално време.

Од неговата издавачка куќа „Onufri“, уредникот Бујар Худари потврди дека писателот починал утрово.

Кадаре стана меѓународно познат по објавувањето на делото „Генералот на мртвата армија“ во 1963 година, кога со Албанија сè уште владееше комунистичката влада на покојниот диктатор Енвер Хоџа. Тој избега од Албанија во Франција во 1990 година, само неколку месеци пред падот на комунистичкиот режим по студентските протести претходниот декември. Живееше во Париз, а неодамна се вратил во Тирана.

Саркастичен етнограф, писател кој наизменично ги менува гротескното и епот, Кадаре ги истражуваше митовите и историјата на својата земја, со цел да ги расече механизмите на универзалното зло, тоталитаризмот, во годините кога Албанија живееше со децении под диктатурата на Енвер Хоџа, една од најзатворените земји во светот.

„Комунистичкиот пекол, како и секој друг пекол, се гуши. Но, во литературата се претвора во сила на животот, сила која ви помага да преживеете, да ја победите диктатурата со крената глава“, рече писателот во едно од неговите последни интервјуа во октомври.

„Литературата ми даде сѐ што имам денес, тоа беше смислата на мојот живот, ми даде храброст да се спротивставам, среќа и надеж да надминам се“, вели веќе ослабениот Кадаре во разговор во неговиот дом во Тирана, главниот град на Албанија.

Кадаре е добитник на бројни меѓународни награди за неговите дела, кои вклучуваат повеќе од 80 романи, драми, сценарија, песни, есеи, а неговите дела се преведени на 45 јазици. Во неколку наврати беше споменуван како можен кандидат за Нобеловата награда за литература.

Автор е на романите „Скршен април“, „Хроника во камен“, „Замокот“, „Генералот на мртвата војска“, како и многу други дела и е една од најпопуларните личности во албанската литература во повеќе од 60 години.

На Исмаил Кадаре, познат албански писател и драматург, кој се спротивстави на долгогодишното владеење на починатиот комунистички диктатор Енвер Хоџа и „Генералот… “, кој ги освои критичарите ширум светот, почит на Facebook му оддае албанскиот премиер Еди Рама наведуајќи дека тој е „споменик на албанската култура“.

Добитник е на бројни меѓународни награди, вклучувајќи ја и меѓународната награда Man Booker во 2005 година, Наградата на принцот од Астурија во 2009 година и Наградата Ерусалим во 2015 година.

Роден во градот Ѓирокастрор во 1936 година во тогашното Кралство Албанија, како син на поштенски службеник и домаќинка. По Втората светска војна, дипломирал јазици и литература на Универзитетот во Тирана. Беше во брак со писателката Хелена Кадаре, со која има две ќерки.

- Реклама -