Почина најголемиот „волк“ – Флип Саундерс

Почина Флип Саундерс на 60 годишна возраст, човекот кој во својата 35 годишна тренерска кариера оствари преку 1000 подеби во НБА Лигата со тимовите на Минесота Тимбрволвс, Детроит Пистонс и Вашингтон Визардс.

Во август 2015 му беше дијагностициран Хочкинов лимфом, за кој докторите сметаа дека може да се излекува. Тој тогаш реши да остане тренер и претседател на Минесота. Сепак во сепември беше хоспитализиран, а минатиот вторник беше објавено дека ќе ја пропушти целата сезона 2015/2016.

Почина вчера на 60 годишна возраст.

Еве како Гарнет се збогуваше со Саундерс

гарнет

косаркари

- Реклама -