Почина Матија Шаркиќ, голман на црногорската фудбалска репрезентација

Првите информации укажуваат дека најверојатно се работи за природна смрт, пишуваат медиумите во Црна Гора

Од натпреварот со Белгија одржан пред десет дена/ ФОТО: EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

На 26 годишна возраст, утрово во Будва почина Матија Шаркиќ, голман на црногорската репрезентација.

Според информациите во медиумите од соседството, на Шаркиќ му се слошило во станот во кој престојувал, по што следела смрт.

Неговите пријатели повикале брза помош утрово околу 6 часот и 30 минути.

Во моментов на терен се полицијата и надлежните органи кои ги истражуваат сите околности на оваа трагедија, но првите информации укажуваат дека најверојатно се работи за природна смрт, пишуваат медиумите во Црна Гора.

Шаркиќ пред само десет дена ја воодушеви јавноста во Црна Гора со одличната одбрана на мечот против Белгија.

- Реклама -