Почина легендарниот германски диџеј и продуцент Томкрафт

Легендарниот диџеј и продуцент Томкрафт, со вистинско име Томас Брукнер, почина на 49-годишна возраст, потврди неговото семејство.
Во објавата споделена на неговите профили на социјалните мрежи, семејството на Брукнер ја потврди тажната вест.
„Со тешко срце мораме да ве информираме дека вчера, 15.07.2024 година, почина нашиот сакан татко и сопруг. Засекогаш ќе те носиме во нашите срца и ќе те сакаме додека повторно не се обединиме. Со почит, твоето семејство“, се наведува во објавата.

Извор