Трикратниот светски шампион заврши во болница на 31 август 2021 година на рутински преглед кога му беше откриен тумор на дебелото црево, а беше опериран четири дена подоцна.
Пеле во изминатите години имаше здравствени проблеми, откако во 2015 година правеше операција на простатата, па во 2019 година беше во болница поради уринарна инфекција.
Бразилецот во текот на кариерата освои три Светски првенства, и тоа во 1958, 1962 и 1970 и за репрезентацијата на 92 настапи постигна 77 голови.