Почина уругвајскиот играч од средниот ред на Национал, Хуан Искиердо, соопштија од прес-службата на клубот. Фудбалерот имаше 27 години.
На 22 август, играчот изгуби свест за време на натпреварот од Копа Либертадорес против Сао Паоло. Фудбалерот падна на земја во 84. минута без никаков контакт со противниците. Тој бил однесен во болница. Клубот подоцна објави дека Искиердо имал проблеми поради срцева аритмија.
-Со најдлабока болка и шок во нашите срца клубот ја објави смртта на Хуан Искиердо“, се вели во соопштението.
Хуан потпиша за Национал оваа година, а играше и за уругвајските клубови Ливерпул, Монтевидео, Атлетико Сан Луис, Пенарол и Серо.