По немилиот настан кој денеска се случи на трката во Сепанг, Малезија, Валенино Роси излезе со своја изјава.
„Како што напоменав во четвртокот, тоа и се случи, вистината излезе на виделина. Маркез е нечист играч. Тој си ја оствари целта. Постојано настојуваше да ме забави, беше фокусиран само на мене, денеска не беше негова цел победата, туку јас. Во однос на инцидентот, погледнете ја камерата од воздухот, тој ме удира со моторот во пределот на мускулот и јас рефлексно ја испружувам левата нога. Не сакав да го исфрлам од трката. Сакав да се натпреварувам со Лоренцо и да победам. Штета што тоа денеска не беше возможно. Многу сум разочаран, можно е да не возам во Валенсија. Сакав само фер борба“ изјави Роси.