Победа за Разновидност (видеа)

Разновидност Наспроти сите очекувања, наспроти предвидувањата за чиста и неоспорена победа на Сузан Бојл, интернет пејачката сензација, се случи втора година по ред, на натпреварот „Британија има талент“ да победат танчери. Но, наместо ланскиот еден, овојпат се работеше за десетмина – Разновидност (Diversity).


Наспроти сите очекувања, наспроти предвидувањата за чиста и неоспорена
победа на Сузан Бојл, интернет пејачката сензација, се случи втора
година по ред, на натпреварот „Британија има талент“ да победат
танчери. Но, наместо ланскиот еден, овојпат се работеше за десетмина –
Разновидност (Diversity).

Пред почетокот на финалето, обложувалниците предвидуваа сигурна победа на Сузан Бојл. Четириестгодишната добродушна жена од Шкотска направи вистински бум на интернет откако се појави на аудицијата на „Британија има талент“ и откако Сајмон Каувел одлучи да се подбива со нејзините шанси да стане пејачка. Изведбата на песната „Сонував сон“ од „Клетници“ била погледната на YouTube преку 150 милиони пати, со што таа стана интернационална ѕвезда. Во финалето, Сузан одлучи да се врати на песната што ја извади од анонимноста:

{youtube}4BvBkTmDWBA{/youtube}

Сепак, британската јавност не мислеше оти перфектниот глас е доволен за да се победи во исклучително тесниот натпревар. Сузан заврши на второто место, а победата ја однесоа десетте другари од Југоисточна Англија кои беа шести според шансите за победа. Во танцувачката трупа членуваат браќа и пријатели кои израснале заедно и кои во 2007 победиле на натпреварот на улично танцување во Британија. Сепак, таа победа не може ни оддалеку да се спореди со победата која ја однесоа во саботата.

{youtube}PtwVfJqBfms{/youtube}

Победата на натпреварот„Британија има талент“ им донесе на Разновидност награда од 100 илјади фунти и шанса да настапат на кралското вараити шоу, пред кралицата.

- Реклама -