По препораката од министерството: Русите купуваат повеќе сол за заштита од коpoнавирусот

Производителите на сол во Русија забележуваат пораст на нарачките откако Министерството за здравство објави препорака да се плакне носната слузница со физиолошки раствор за да се спречи инфекција со коронавирус, јавуваат руските медиуми, пренесува хрватската агенција hina.

„Откако руското Министерство за здравство ја објави таа препорака на 9 април, бројот на налози за испорака на сол добиени кои производителите ги примиле од дистрибутерите се зголеми за 20 проценти“, вели Дмитриј Леонов, заменик претседател на Руската асоцијација на производители на сол.

Според него, дистрибутерите јавуваат дека граѓаните со зголемен интензитет купуваат сол за превентивна употреба.

Леонов потсети дека еден од методите за спречување на инфекција со коронавирус, препорачан од руското Министерство за здравство, е испирање на носната слузница со физиолошки раствор – што всушност претставува стерилна мешавина од сол и вода која, меѓу другото, ја зачувува влагата во носната шуплина и спречува вocпаление на слузницата.

Леонов потенцираше дека производните капацитети на домашните компании се во можност 100-процентно да ја задоволат сегашната зголемена побарувачка, но и, ако е потребно, да испорачаат дополнителни количини сол на пазарот.

 

- Реклама -