По повод трагичната смрт на Вања, Општина Центар со препорака угостителските и јавни објекти да ја прилагодат музиката

Општина Центар по повод трагичната смрт на 14-годишната Вања Ѓорчевска, ученичка во 9-то одделение во ООУ „Јохан Хајнрих – Песталоци“ со препорака до сите јавни и угостителски објекти на територија на општината во следните два дена да ја прилагодат музиката.

– Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски изразуваат сочувство за трагичниот настан во кој животот го загубија 14-годишната ученичка Вања и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, се вели во соопштението од Општина Центар.

Во основното училиште каде учеше Вања денеска е отворена книга на жалост.

Вања беше пријавена за исчезната во понеделникот, а нејзиното беживотно тело беше пронајдено вчера во близина на Скопје.

Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство Скопје денеска на прес-конференција изнесоа детали според кои Вања била грабната во влезот на зградата во која живее, врзана на рацете и нозете и покриена со вреќа за спиење била ставена во багажникот на возилото „цитроен“ и однесена на локација во близина на Скопје каде е убиена истиот ден кога е грабната. Според првичните сознанија, информацијата за нејзиното движење, сторителите ја добиле од нејзиниот татко.

Прочитајте и:  Сослушан возачот што го превезе Палчо до Турција, Кешишов го сменил првичниот исказ

Првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо, кој е организатор и извршител на делото, е во бегство, а на тројца им е изречена мерка притвор во траење од 48-часа. Вчера на распит бил и таткото на девојчето.

- Реклама -