Кога иноваторот Аугустас Алесиунас добил труење од храна, решил дека не се зборува доволно за труењето од храна, но и дека не се прави доволно околу проблемот. Па го измислил Foodsniffer – гаџет што ја „мириса“ храната и ве известува ако има присуство на штетни бактерии, т.е. дали може да се јаде или не.
Нормално, за да го промовира изумот му требало реклама. Е тука работите тргнале во чуден правец. Ние, на пример, не знаевме што точно гледаме сé додека не прочитавме за труењето на Алесиунас.
Имено, резултатот е нешто што повеќе изгледа како кампања против полово преносливи болести – затоа што тимот сметал дека расипаната храна има многу сличности со половите инфекции – лошиот мирис, пред сé. Згора на тоа, е и толку полна со двосмислени досетки (puns), како вербални, така и визуелни, што нема шанси да не ви го разбуди „прљавиот“ мозок. А пази, цело време се зборува за расипано месо. Ако можеме да ѝ доделиме еден епитет без двоумење, тоа е – храбра.
Пуштајте видеото додека не ја забраниле: