По осум години Имобиле го напушти Лацио и доаѓа во Бешикташ


Италијанскиот напаѓач Чиро Имобиле го напушта Лацио по осум години минати на „Олимпико“, потврди римскиот клуб.

Овој 34-годишен фудбалер дојде во Рим од Севиља во 2016 година и постигна 207 гола во осумте сезони, со што стана најдобар стрелец на Лацио на сите времиња, а со клубот двапати го освои Купот на Италија и еднаш беше победник на Суперкупот на Италија. .

Имобиле од следната сезона би требало да го носи дресот на турски Бешикташ. Додека ја напушташе Италија, Имобиле призна дека разделбата со Лацио била емотивна.

„Исклучително патување, но како и сите добри приказни има почеток и крај. Навивачите беа фантастични, ми дадоа се“, изјави за Sky Sport Italia на аеродромот во Рим.

Имобиле негираше дека имало зла крв во неговото заминување, и покрај тоа што беше капитен на тимот од Лацио кој имаше просечно остварување минатата сезона, завршувајќи на седмото место во Серија А.

„Не, одлуката беше донесена многу мирно. Последната година и половина не беше лесна, правилно е што тоа се случува сега. Не е ничија вина“, изјави Имобиле.

Испрати специјална видео порака до навивачите на Лацио, а клубот ја објави на насловната страница на својот онлајн портал.

„Мислам дека дојде моментот да ви кажам, не збогум, туку дека ќе се видиме повторно. Ова секогаш ќе остане мојот дом. Јас сум навивач на Лацио. Ви испраќам прегратки и се надевам дека ќе се видиме наскоро”, рече Имобиле, кој има и 57 настапи за репрезентацијата на Италија во кои постигна 17 гола и ја освои титулата европски првак во 2021 година во Лондон, но не го најде своето место во тимот на Лучијано Спалети на овогодинешното Европско првенство во Германија.

- Реклама -