По нарачка на колекционер, создадено е ова уникатно дело

Овој уникат е дело на Zagato Atelier и неговото целосно име е Aston Martin Virage Shooting Brake Zagato.

Ова е втор уникат, кој оваа година го претставува Zagato. Првата креација на каросеријната компанија за 2014 година беше Lamborghini 5-95 Zagato. Новиот модел ќе биде прикажан за време на Chantilly Arts & Elegance 2014 и ќе ја одбележи 95-годишнината на компанијата. Уникатниот модел е произведен по нарачка на клиент од Европа, кој побарал „колекционерска модерна кола”.

Zagato објаснува дека ексклузивниот автомобил е „модерна интерпретација со  референци кон Aston Martin V8 Vantage и Volante од средината на 80-тите години, кои создаваат изненадување и фасцинација со нова форма, имајќи  ги истовремено  основните дизајнерски вредности на Zagato и Aston Martin” .

Според компанијата, овој автомобил ја завршува Aston Martin-Zagato вековната трилогија, која започна во 2013 година.

- Реклама -