По изборите во Грција

Партијата СИРИЗА доби чиста победа на предвремените парламентарни избори и ќе состави влада со претходните сојузници – партијата “Независни Грци”.

izbori

Така грчките медиуми ги коментираат резултатите од вчерашното гласање во земјата.

Во меѓувреме стана јасно дека лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас ќе се заколне како премиер во Претседателската палата вечерва во 20.00 часот по локално време.

Идниот премиер ќе се сретне со претседателот Пракопис Павлопулос, кој ќе му врачи мандат за формирање на коалициска влада со десничарската партија “Независни Грци”.

На вчерашните избори СИРИЗА освои 35% од гласовите. На второ место се најде нејзиниот главен конкурент конзервативната “Нова демократија” со 28,1%, проследено со неонацистите од “Златна зора” со 7,11% и ПАСОК со 6,42 %.

Останатите партии кои влегуваат во парламентот, се  “Потами” со 3,93%, “Независни Грци” – 3,7% и Центристичката партија со 3,45%.

СИРИЗА ќе добие 145 места во парламентот, со тоа што за мнозинство се потребни 151. “Нова демократија” има 75 места, “Златна зора” -19, ПАСОК – 17, Комунистичката партија – 14, “Потами” – 11, “Независни Грци” – 10 и Центристичката партија – 9.

„Алексис Ципрас постигна чиста победа и доби силен мандат за формирање на влада за четири години. Лидерот на СИРИЗА доминира на политичката сцена по прогласување на изборните резултати. Ципрас стана неприкосновен победник, успевајќи да ги побие најпесимистичките прогнози за партијата, откако таа беше напуштена од Панајотис Лафазанис “, пишува весникот” Етнос “.

„Голем СИРИЗА и 8-партиски парламент се резултатите од изборите на 20 септември, и покрај сите прогнози, кои предвидоа дерби меѓу партијата на Ципрас и” Нова демократија “, коментира” Имерисија “.

- Реклама -