Утрово, Комитетот за Етика при ФИФА одлучи дека претседателите на ФИФА и УЕФА ќе се соочат со суспензии од по 8 години.
Имено, Сеп Блатер и Мишел Платини се обвинети за конфликт на интереси, нелојалност и мито.
Поконкретно, се работи за префрлање на сума од 2 милиони франци, од сметката на ФИФА без никаков пишан договор.
Со ова умираат надежите дека Платини ќе биде новиот претседател на ФИФА, а по сè изгледа дека ќе се менува и претседателот на УЕФА.